Западен Холивуд бара да се отстрани ѕвездата на Трамп од патеката на славните


САД– Градскиот совет  на Западен Холивуд едногласно ја усвои резолуцијата со која се бара да биде отстранета ѕвездата на американскиот претседател, Доналд Трамп, од Холивудската патека на славните.

Ваквата одлука советот ја донел поради, како што наведуваат медиумите, неговото вознемирувачко однесување кон жените, како многу други негови постапки. Сепак, останува неизвесно дали ваквата резолуција, која била изгласана в понеделникот, ќе ги донесе очекуваните резултати.

Улицата на славните претставува туристичка атракција, која се наоѓа во Лос Анџелес и е под надлежност на холивудската комора. Неодамна, ѕвездата на Трамп беше демолирана по којзнае кој пат.