„Залив во ноќта“ – нова книга на Игор Поп Трајков
Вечерва во електронско издание ќе биде промовирана новата поетска збирка на Игор Поп Трајков – „Залив во ноќта“. Како што се вели во предговорот, „низ песните и строфите кои се претопуваат една во друга, формирајќи наративна целина, е искажана тенденцијата на цивилизацијата да напредува и по војна, да продолжува и по смртта“. Оваа силина се должи на тоа дека во вакви тешки периоди човекот може да побегне во заливот на ноќта- метафората на ескејпизмот, каде и покрај се владее оптимизмот. Ова е веќе трета збирка поезија на овој автор во издание на „Македоника“.