Заинтересираните инвеститори имаат рок до задутре за Меморандумот за разбирање за „ФЕНИ индустри“


Банките веднаш по носењето на одлуката на Судот во Велес за отварање на стечајна постапка, доставија предлог услови за склучување Меморандум за разбирање до неколку потенцијални инвеститори, кои до овој момент покажаа интерес за „ФЕНИ Индустри“, информираат банките доверители.

Овие предлог-услови се доставени и до конзорциум во кој учествува и Енекод.

Сите заинтересирани инвеститори имаа доволен период да ги разгледаат предлог условите од Меморандумот и доколку ги исполнуваат имаат рок до задутре да го потпишат.

– Очекуваме дека во наведениот период ќе имаме веќе потпишан Меморандум со некои од заинтересираните инвеститори, по што веднаш ќе се создадат услови Банките да поднесат изјави до Судот и очекуваме истиот да овозможи плаќање на сите неопходни трошоци за непречено функционираење на технолошки минимум на работење на „ФЕНИ Индустри“, вклучувајки и исплата на ноемвриската плата на вработените согласно законските можности, се вели во соопштението од банките доверители.