Заев: Ќе го смениме името на аеродромот и на автопатот


Премиерот Зоран Заев на прес конференцијата со грчкиот лидер  Алексис Ципрас најави дека како гест на добра волја ќе го смени името на аеродромот „Александар Велики“, како  и на автопатот, кој ќе се вика отсега „Пријателство“. Тој грчкиот премиер го именуваше како Алексис, а Ципрас него како Зоран. Средбата траеше повеќе од три часа.