Заев упати писмо со сочувство до семејството на Абдулаќим Адеми
Премиерот Зоран Заев, по веста за ненадејната смрт на поранешниот потпретседател на Владата на Република Македонија, Абдулаќим Адеми, упати писмо со сочувство до неговото семејство.
„Неговата ненадејна смрт ја примивме со голема тага. Почитуваниот Абдулаќим Адеми, како потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор, министер за животна средина и просторно планирање и министер за образование и наука, остави голем придонес во формирањето и развојот на институциите на нашето општество“, напиша Заев.
Премиерот изрази сочувство и поддршка и до неговите пријатели и соработници.
Писмо со сочувство до семејството на Адеми упатија и претседателот на Собранието, Талат џафери и Министерството за образование.