Заев со кавалерски потег: Го придржуваше мегафонот додека жените говореа за женските права


Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на маршот за женските права и родова еднаквост што се одржа во центарот на Скопје.

Тој со кавалерски потег самоиницијативно се понуди да го придржува мегафонот додека една од жените говореше за правата на жената. Госпоѓата се пожали дека не може да го држи мегафонот бидејжи е тежок, па премиерот Заев излезе во пресрет во ситуацијата.

Маршот започна од Жена Парк, преку плоштадот Македонија, Камениот Мост и заврши на плоштадот Филип Втори. Преку марширањето се испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.

 

фото: Борис Грданоски