Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области


Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД.

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

– Но за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.

Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области – економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема.