Заев: Време е за работа, а не за избори
Премиерот Зоран Заев ветува дека 2018-та ќе биде добра година, порачувајќи дека не е време за избори, туку за работа.
На првиот работен ден годинава по состанокот со министерот за финансии Драган Тевдовски, премиерот порача дека 2018. ќе биде година на економски прогрес и инвестициi, со очекување за отворање многу работни места и зголемување на БДП, што како краен резултат ќе го почувствуават граѓаните.
Заев упати порака до бизнисмените дека Владата ќе биде насочена кон се што може да се поддржи и оти годинава согласно стабилно парламентарно мнозинство ќе се имплементираат важни стратегиски планови.
– Убеден сум дека 2018. година ќе биде кулминација на завршување на политичката криза со економски перформанси што ќе ги почувствуваат граѓаните, рече Заев.