Заев: Ако има еден глас повеќе „против“, ќе го поништиме Договорот
Ако мнозинството од гласови на референдумот се против тогаш ние ќе го поништиме договорот со Грција, но ако мнозинството се за тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција во Владата.
-За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат. Ако има мнозинство со „против“ макар и еден глас повеќе, тоа значи јас и Парламентот сите го поништуваме договорот. Ако има видливо огромно мнозинство со „за“, тоа значи дека сите без разлика дали се власт или опозиција треба да ја следат насоката што ја дале граѓаните. Верувам дека гласот на граѓаните и одлуката на граѓаните е правецот по кој ќе се движат политичките партии. Штом граѓаните одлучуваат ние политичарите ќе добиеме патоказ и само треба да го следиме тој патоказ, рече Заев.