Жаре од „Еден на Еден“ и Нина од „Групер“ на листата на Форбс за најдобри претприемачи под 30 години


Вчера во Лондон Форбс официјално ја објави листата на 300-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години во десет сектори.
На листата се најдоа и двајца Македонци. Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“ беше избран меѓу најуспешните во категоријата „Media&Marketing“ и Нина Ангеловска од „Групер“ во категоријата „Retail&Ecommerce“.
Покрај претставниците од Македонија, од регионот се избрани седум успешни млади под 30 години и тоа од Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Молдавија и Косово, меѓу кои се и пејачките Рита Ора Дуа Липа.