„Ејџиан“ почна да лета на релација Скопје-Атина


По 15 години пауза, на скопскиот аеродром слета авионот на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“, со што почна да функционира авиолинијата меѓу Скопје и Атина. Според зимскиот ред на летање, ќе има два лета неделно, во четврток и вторник, до крајот на март.

„Ејџијан“ ќе лета со „даш 8“ на „Бомбардиер“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник ќе полетува од Атина во 9 часот по локално време, а од Скопје во 9.45 по македонско време. Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од Скопје во 19.25 часот. Летот трае 1 час и 15 минути.

Според очекувањата, бизнис-патниците ќе бидат најмногубројни.