ЕУ со 94 милиони евра ја поддржува европската интеграција на Албанија


Европската комисија ја усвои годишната програма на помош за Албанија, со која ЕУ обезбедува 94 милиони евра за поддршка за албанскиот процес на европската интеграција.

Програмата се фокусира на клучните прашања за пристапување во ЕУ, како што се владеењето на правото, економскиот развој и заштитата на животната средина.

ЕУ фондовите ќе се насочат кон зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, продолжувајќи ја подршката на реформите во правосудството.

Програмата, исто така, треба да и помогне на Албанија да ја подобри ефикасноста и ефективноста на органите за спроведување на законот во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога. Таа, исто така, ќе ги надополни овие мерки со инвестиции во социо-економскиот развој на погодените области.

Препознавајќи го големиот потенцијал на туризмот за економски раст во Албанија, фондовите на ЕУ ќе придонесат и за зачувување на културното наследство и за промовирање на висок квалитет и одржлив туризам.

Заштитата на животната средина, особено третманот на отпадни води, е приоритет на помошта од ЕУ. Се проценува дека подобрувањето на квалитетот на водата и подобрите санитарнте услови ќе придонесат за економски и социјален развој во интерес на албанските граѓани.

По одлуката за одобрување на 94 милиони евра за Албанија, се огласи евромбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца, кој оцени дека станува збор за конкретна поддршка за равојот на реформите за интеграција, владеењето на правото и економско-социјалнот развој на земјата.