ЕУ покрена законска постапка против пет земји членки


Европска унија покрена законска постапка против пет земји членки поради загриженоста од нивното постапување со договорите за одбрана и условите кои можеби им ги наметнуваат на снабдувачите со воена опрема.

Европска комисија днеска соопшти дека испратила формални предупредувања во кои бара објаснување од Данска, Италија, Холандија, Полска и Португалија.

ЕК истакнува дека е загрижена поради некои договори за одбраната што Италија, Полска и Португалија ги потпишале, но не се во согласност со барањата на тендерот. Исто така, ЕК сака да знае какви услови Данска и Холандија евентуално им наметнува на снабдувачите на воена опрема од странство.

Тоа е првпат ЕК да покрене таква постапка во областа на одбраната.