Ермитаж затворен поради дојава дека зградата е минирана


Русија – Поради дојава дека зградата на Ермитаж во Санкт Петербург е минирана, музејот времено е затворен за посетителите, објавија руските медиуми.

Во соопштението на музејот, кое е објавено на руската социјална мреќа „V контакти“ се наведува дека неколку вработени добиле електронска пошта со порака дека зградата е минирана.

Обезбедувањето на музејот и полицијата моментно ги претресуваат изложбените сали и службените простории, а луѓето се евакуирани од централната музејска зграда.

Штом заврши проверката, музејот ќе биде повторно отворен.

И Исакиевската црква, исто така, била времено затворена поради лажна дојава за поставена бомба.