ЕП 2018: Србија го победи Исланд но Шведска за неа ќе решава за главната фаза


Србија ја оствари првата победа на Европското првенство откако со 29:26 ја совлада селекцијата на Исланд, но за да оди понатаму, Шведска вечерва треба да ја победи или извлече најмалку реми со Хрватска.

Доколку Хрватска победи, Шведска, Исланд и Србија ќе имаат по два бода, а во една мини табела помеѓу трите селекции Србија е најслаба поради гол -разлика и ќе испадне и покрај денешниот триумф.

Во натпреварот од Б групата што се игра во Пореч, Франција со 32:25 ја совлада Белорусија и првата фаза ја заврши со три победи од три меча. и ќе пренесе четири бодови во главната фаза, без разлика на исходот од вториот дуел од 20:30 часот помеѓу Норвешка и Австрија.