ЕП: Земјите членки на ЕУ да се борат против антивакциналните движења


Членовите на Комитетот за животна средина на Европскиот парламент вчера ги повикаа земјите членки да усвојат поактивен пристап кон борбата против двоумењето околу вакцинацијата.

– Многу е загрижувачко што употребата на вакцини во земјите членки брзо се намалува. Само затоа што проблемот не влијае на секој од нас поединечно, не може да се преправаме дека не постои – рече Ренате Зомер, портпарол на групата на ЕПП.

Податоците за 2017 година, објавени на почетокот од годинава од страна на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, покажуваат дека имало 14.451 случаи на сипаници пријавени во 30 земји во 2017 година, во споредба со 4.600 во претходните 12 месеци. Од почетокот на 2016 година имало 50 смртни случаи поради болеста пријавена во ЕУ. Мали сипаници се појавуваат во Европа во исто време кога стапката на вакцинација oпаѓа.

– Сите земји на ЕУ препорачуваат вакцинација против сериозни болести кои се опасни по живот. Можеби е време да ги потсетиме граѓаните зошто е тоа така – рече Зомер и ги повика земјите членки и Европската комисија да започнат да влијаат врз зголемување на јавната свест за вакцинацијата во земјите членки на ЕУ.