„Елефтеротипија“: Елена е секс-бомба


Фолк-пејачката Елена Велевска (37) која цело лето, заедно со семејството,  ги „освојува“ грчките плажи, се најде  во центарот на вниманието и на грчките  медиуми.

Грчкиот весник „Елефтеротипија“ во своето веб издание објави текст за нашата Елена, опишувајќи ја како „секс бомба“, „жена со голем сексапил“ „вистинско искушение за Грците“…

„Елефтеротипија“ се пофали и дека таа редовно ги посетува грчките плажи, а годинава ги избрала Калитеа и Переа.

Велевска е мајка на три деца, има своја музичка продукција и важи за една од најнегуваните  пејачки на фолк-естрадата.