Електро-акустичен концерт на Џијан Емин
Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија на 12 април во 20 часот ќе реализираат електро-акустичен концерт на Џијан Емин.
На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија. Еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.
– Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури, вели Џијан Емин.