ЕК помага со седум милиони евра за борба против ебола во Конго


Белгија– Европската Комисија најави дека ќе распредели 7,3 милиони евра во Демократска Република Конго во рамки на борбата против вирусот ебола. Со овие дополнителни фондови, вкупниот износ на европски пари во оваа борба достигнува 12,8 милиони евра, јавија прес службите на Европската Комисија.

Европскиот комесар за хуманитарни работи, Христос Стилијанидес, како што јави дописничката на МИА од Брисел, порача дека оваа финансиска поддршка подразбира техничка експертиза, хуманитарни воздушни услуги, како и хуманитарна помош.

-Остануваме внимателни и ќе продолжиме да помагаме колку што ќе биде потребно, изјави комесарот.

Епидемијата на ебола досега однесе 150 жртви во ДР Конго.