ЕК: Историска стапка на вработеност во ЕУ
Белгија– Европската комисија објави дека е постигната стапка на вработеност без преседан во Европската Унија и дека стапката на невработеност постојано се намалува.
Тоа е заклучокот на тримесечниот извештај на Европската комисија за состојбата со вработеноста и социјалниот развој во Европа, објавен овој месец.
ЕК соопшти дека европскиот пазар на труд “продолжува да урива рекорди“, со 239 милиони луѓе со работно место во ЕУ, од кои 158 милиони во еврозоната. Брисел посочува дека во последните пет годиним стапката на вработеност не престанала да се зголемува, додека стапката на невработеност постојано е во пад. Оваа стапка е од 6,9 отсто во ЕУ и 8,2 отсто во еврозоната.
-Вработеноста никогаш не била повисока во ЕУ и во еврозоната, изјави комесарката за социјални прашања, Маријан Тејсен.
Таа додаде дека инвестирањето во способностите на луѓето мора да останат приоритет за да се подготбат за пазарот на трудот на иднината.