Експресно распрашани сведоците за скапиот „мерцедес“


Само еден час му беше потребен на специјалниот јавен обвинител Стефчо Донев да ги распраша тројцата сведоци во случајот „Тенк“, кој се однесува на луксузниот „мерцедес“набавен за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски.
Обвинителот, како што јавува правосудство.мк,  немаше многу прашања за двајцата вработени во Министерството за внатрешни работи и за претставникот на „Мак Авто-Стар“, но затоа, пак, одбраната на обвинетите Груевски,  Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски се откажа од поставување вкрстени прашања, а се откажаа и од нивно директно испитување, иако на нивната предложена листа на докази се и имињата на сведоците кои денеска се појавија во скопскиот Кривичен суд.