Единаесетта жртва на морбили во Србија
На Клиниката за инфективни болести во Ниш, поради тешко белодробно воспаление предизвикано од морбили, почина 32-годишна жена, со што смртниот биланс од ситните сипаници во Србија се искачи на 11 лица.
Директорот на клиниката Миоград Врбиќ изјави дека заболената жена имала натежок облик на компликации – акутен респираторен дистрес синдром. Тој појасни дека пациентката била нецелосно вакцинирана, односно примила една доза ММР вакцина, но не и реквакцинација.
Според српскиот Институт за јавно здравје, од почетокот на епидемијата во октомври минатата година, на територијата на Србија регистрирани се вкупно 3.538 случаи на мали сипаници, од кои 1.817 се лабораториски потврдени.
Најмлладиот заболен пациен има 15 дена, а најстариот 70 години. Најголем број заболени има меѓу помладите од пет и постарите од 30 години. Најмалку 95 отсто од заболените биле невакцинирани, нецелосно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од потешките компликации од морбили регистрирани се воспаление на мозокот кај две и воспаление на белите дробови кај 400 заболени лица.