Еден месец по свадбата: Гвинет Палтроу ја покажа венчаницата на „Валентино“
САД-Иако помина само еден месец откако Гвинет Палтроу му рече “да” на избраникот, продуцентот Бред Фалчук, дури сега одлучи да им ги покаже фотографиите на јавноста од тоа како изгледаше нејзиниот најсреќен ден во животот.
Двојката се венчаше на 29 септември во нивниот дом во Хемптон, а на малата свадбена церемонија присуствуваа нивните семејства, блиски пријатели и колеги.
Палтроу за втората свадба избра венчаница на „Валентино“ а потоа се пресоблекла во тоалета на Стела Мекартни. Младоженецот носел костум на „Том Форд“.
На свадбената прослава биле поканети околу 70 гости помеѓу кои Камерон Дијаз, Џери Сејнфилд и Роб Лов.
Палтроу и Фалчук се запознале за време на снимањето на серијата “Glee” во 2010 година. Меѓутоа, тие во врска стапија во 2014 година, кога таа се разведе од сопругот Крис Мартин со кој таа има две деца.
После разводот Палтроу изјави дека нема повеќе да влегува во брачните води, но очигледно врската со Фалчук го промени тој став.
“Запознав неверојатен маж кој ме присили да размислам дека токму тој е личноста со која вреди да се обидам. Драго ми е што се омажив. Го обожувам сопругот”, рече Гвинет.