Европската унија се подготвува да создаде „воен Шенген“
Европската комисија денеска ќе претстави акционен план за создавање на „воен Шенген“ за да го олесни транспортот на војници и техника во Европската унија, за кој моментално има повеќе административни формалности и недостиг на инфраструктура.
Акцискиот план предвидува да се одредат потребите на воениот транспорт и да се провери инфраструктурата што се употребува.
– Овие предлози имаат практична димензија, но потребата од нив е јасна при интензивирањето на тензиите со Русија, изјави европски дипломат.
Според него, „не може повеќе да се каже дека конфликт во Европа е невозможен“.
Европската унија предвидува кофинансирање на десетина транснационални коридори, но одлуката за спроведување, како и нивната употреба за воени цели, се прашање кое зависи од земјите членки.