Д-р Жан Зимбаков е нов директор на Клиниката за кардиологија
Нови директори се назначени на три универзитетски клиники.
Доктор Жан Зимбаков е нов директор на скопската Клиника за кардиологија. Тој доаѓа на местото на Беким Поцеста од редовите на Алијансата за Албанците.
Зимбаков е специјалист по интерна медицина. Работеше на Клиниката за кардиологија и во приватна болница.
Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д медицински директор е именуван д-р Христиjан Дума, на местото на д-р Беким Татеши.
За в.д медицински директор на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје, е назначена д-р Амела Цана, на местото на д-р Агим Караи.
Новите назначувања се после доставените оставки од директори од Алијансата за Албанците.