ДУИ: Инцидентот во Мала Речица нема никаква врска со партијата
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.
– Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активности. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ.