ДУИ го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците


Централното претседателство на Демократската унија за интеграција-ДУИ едногласно го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието на Република Македонија.

Како што информира ДУИ, усвојувањето на Законот „го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор“.

Лидерот на ДУИ Ахмети на денешниот состанок во седиштетото на партијата во Тетово се осврнал на политичката активност на партијата и на главните достигнувања во изминатите 17 години, на победите во изборните процеси и на партиските конгреси.

– Пред нас останува силно да се адресираат и реформите на владеењето на правото и спорот за името како предуслов за членство во НАТО и ЕУ, наведува ДУИ во соопштението.

Состанокот на раководството на ДУИ почна со едноминутно молчење во чест на генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми, кој почина минатиот месец.