Дуа Липа како тигрица одмара во Анталија
Турција– По активната половина од годината, пејачката Дуа Липа (22) е на заслужен годишен одмор кој го поминува во Анталија, Турција.
Од летувањето, своите 16 ипол милиони Инстаграм фанови ги почести со фотографија на која позира во костим за капење со тигарски принт кој го открива нејзиниот перфектно рамен стомак и долгите, убави нозе. На фотографијата таа е без шминка и ужива во сончевите зраци.
Поп-ѕвездата која живее и работи во родниот Лондон, е актуелна со хитот „One Kiss“ со Калвин Харис. По жешкиот настап во неделата на фестивалот „Сигет“ во Будимпешта, таа беше и ѕвезда и на тридневниот фестивал „Sunny Hill“ во Приштина, во организација на нејзиниот татко Дукаѓин Липа.
Нејзината музичка кариера започнала на 14-годишна возраст, кога таа почнала да препејува песни од други уметници на YouTube.
Во 2015 година, таа потпиша со „Warner Music Group“ и набрзо потоа ја издаде својата прва песна. Во декември 2016 година, документарен филм за Липа беше нарачан од списанието „The Fader“, насловен како „Види во сино“.
Нејзиниот прв студиски албум насловен „Дуа Липа“ беше издаден на 2 јуни 2017 година. Од албумот беа издадени седум песни, меѓу кои и песните „Be The One“ и „IDGAF“ кои се најдоа во првите 10 на британската топ-листа и песната „New Rules“, која се искачи на врвот на листата.
Во 2018 година, Липа ги доби две награди на доделувањето на британските музички награди, и тоа за најдобра британска соло изведувачка и најдобра нова британска пејачка.