Дрејк преку новиот албум потврди дека има дете со експорно ѕвезда
САД– Фановите на Дрејк навистина се изненадени! Иако извесно време се ширеа гласини дека познатиот музичар има син, тоа не беше потврдено сѐ додека тој не го објави својот нов албум „Scorpion“, преку кој потврди дека има син.
Во неколку песни Дрејк зборува за тоа дека добил син во октомври минатата година и дека направил тест, со цел да биде потполно сигурен дека тој е таткото. Мајката на неговиот син е поранешна порно ѕвезда и според тоа што Дрејк го пее, детето било зачнато за време на нивната сексуална авантура за една ноќ. Наводно Дрејк и Софи се сретнале само двапати.