Дојава за бомба во руската Дума
Во зградата на државната Дума, долниот дом на рускиот Парламент, во тек е проверка на просториите по телефонската дојава за бомба, која наводно е поставена во објектот, информираат руските медиуми, повикувајќи се на неименуваниот избор од службите за итни случаи во Москва.
– Немаше евакуација, вели истиот извор.
Вработените во службите за вонредна состојба со специјално обучени кучиња ја проверуваат зградата.