Димитров на годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот
Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе учествува на регионалната конференција по повод 10-годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот во Белград.
Како што соопшти МНР, Димитров ќе се обрати на конференцијата како главен говорник.
За време на настанот е предвидено министерот да оствари неколку билатерални средби со реномирани учесници на конференцијата.
Главна мисија на Европскиот фонд за Балканот е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.