Димитров за ЕУ зборува „македонски“ без превод (Видео)

Што ќе посака Грција тоа исполнува Европската унија.

Така испаѓа од видео снимката објавена на официјалната страница на ЕУ на која јазикот што го зборува шефот на дипломатијата Никола Димитров стои без превод  и напишан на кирилица, т.е. „македонски“.

Димитров изјавата ја даде пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ и на Западен Балкан утрово во Софија, при што изјави дека вчера имал средба со грчкиот колега Никос Коѕиас, но не биле сами на масата, со најава дека наредниве денови ќе се закаже нова рунда преговори. Пред да дојде во Софија Коѕиас даде интервју во кое порача дека преферира име на државата со словенска транскрипцијаи без превод.