„Дејли Мирор“: Албанската мафија го презеде британскот пазар на кокаин
Албанската мафија ја презеде контролата над пазарот на кокаин во Велика Британија, кој се проценува на околу пет милијарди фунти, тврди лондонскиот весник „Дејли Мирор“.
– Албанската мафија стана доминантна откако голем број Албанци се преселија во Велика Британија по падот на комунизмот во нивната земја во 1990 година. Сега опасните криминалци го контролираат целиот пазар на кокаин во Велика Британија, кој е најевтин од 1990 година и најчист во последните 10 години, стои во написот,.
Според весникот, албанската мафија го презела пазарот така што постигнала договор со „трговците на големо“ и директно преговарала со колумбиските картели, што довело до пониски цени и повисока чистота на кокаинот на пазарот.
Поради ова, сега Велика Британија се соочува со најголем број на млади корисници на кокаин во Европа.
„Мирор“ како најозлогласена банда ја споменува „Хелбанијанс“, која ја има контролата над населбата Гаскоњ во источен Лондон и чиј Инстаграм профил, што бил затворен во ноември минатата година, имал 115.000 следбеници,
Новинар пресотјувал во оваа населба и утврдил дека членовте на групата се млади на околу 20-годишна возраст.
Портпаролка на британската Национална агенција за борба против криминалот за весникот изјавила дека албанските криминалци имале големо влијание врз другите криминални организации во Велика Британија и се тесно поврзани со крмналнте групи кои се вклучени во трговија со луѓе и оружје, како и со перење пари.
Весникот пренесува изјава на Мохамед Ќасим од Унверзитетот „Лидс Бекети“ кој вели дека Албанците имаат сериозна репутација. – Тие не размислуваат двапати за да употребат сила, наведува Ќасим.