Дејвис куп: Македонија ја совлада Албанија
Македонската тениска репрезентација оствари максимална победа од 3:0 против Албанија на турнирот во Пловдив во рамките на Дејвис купот.
Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски во двојки убедливо ги совладаа Генајд Шипеја и Елби Мештри со 2:0 во сетови (6:2, 6:2).
Претходно, првите два поени за Македонија ги донесоа Горазд Србљак и Димитар Грабул.
Србљак без загубен гејм го совлада Арбер Сулстарова, а Грабул со 6:3 и 6:0 беше подобар од Марио Зили.
Македонските тенисери вчера го совладаа Исланд со 2:1. Србљак и Грабул ги добија сингл мечевите, а Јанкуловски и Мицов го загубија натпреварот во двојки.
Тениската селекција на Македонија утре ќе се соочи со домаќините, репрезентација на Бугарија, во борба за првото место.