Демократскиот сојуз на Косово ги повикува Албанците во Македонија да гласаат „за“ на референдумот


Најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), ги повика Албанците во Македонија да излезат масовно в недела на референдумот за името и да гласаат „за“.

– ЛДК цени дека е од животно значење за Албанците во Македонија и во интерес на сите Албанци секаде каде што се, в недела масовно да учествуваат на референдумот и да гласаат „за“ историскиот договор, се вели во денешното соопштение на ЛДК.

Од ЛДК ги повикуваат Албанците во Македонија „овој историски момент да го искористат во нивен интерес и за доброто на европската иднина на нивната држава“.

Партијата на Иса Мустафа смета дека „соседна Македонија е пред мошне значаен и историски момент за иднината на нејзините граѓани“.

– В недела граѓаните на Македонија ќе одлучат за европска иднина на нивната земја, за просперитетот и безбедноста на нашиот регион, се наведува во соопштението на ЛДК.