Делата на дизајнерите од ЕУРМ изложени во Француски институт


Францускиот институт во рамките на соработката со Европскиот универзитет РМ, ќе понуди две или три стипендии наменети за студентите на Факултетот за арт и дизајн којашто подразбира престој во Франција. Деканката на Факултетот за арт и дизајн на ЕУРМ Јана Манева-Чупоска, пак, додаде дека се најавува соработка и во насока на изучување на францускиот јазик преку воведување на предмет Француска култура и уметност во рамките на изборна програма на Факултетот за арт и дизајн.

“ДеликАРТесна продавница”- изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет РМ, која од завчеравечер е отворена во Францускиот институт во Скопје, со својата атрактивност привлече големо внимание кај јавноста.

Насловот на оваа изложба, која ќе биде отворена во наредните два месеци, е инспирирана од култниот француски филм од 1991 година “Деликатесна продавница”, а претставува интересен спој на модни креации и дизајн решенија на студентите од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер во рамките на оваа високообразовна институција.

Чупоска додаде дека се најавува соработка и во насока на изучување на францускиот јазик преку воведување на предмет Француска култура и уметност во рамките на изборна програма на Факултетот за арт и дизајн.

“Како држава Франција е за нас голема инспирација и студентите од сите три катедри често прават истражувања на различни теми од француската култура и уметност. Сметаме дека Франција е една од државите која е репер за тоа што значи култура, уметност и историја од една страна и современа уметност и дизајн од друга странa”, додава Манева –Чупоска.