Девојката која беше повредена во сообраќајка во Солун е во критична состојба


Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска, јави дописникот на МИА од Атина повикувајќи се на информации од болницата.

Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се случи во Солун во саботата попладне во близина на ИКЕА, додека стоеле на островче, кога во нив удрило возило кое изгубило контрола, веројатно поради голема брзина и излетало од коловозот.

Двајцата Македонци, 27 годишна девојка и 38 годишен маж и возачот веднаш биле пренесени во болница.