Девет лица загинаа во несреќа во Турција


Бројот на жртвите од железничката несреќа во Турција се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи, соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан.

Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините, јави Анадолија.

Турхан прецизираше дека брзиот воз ја напуштил станицата во Анкара во 6.30 часот, а околу шест минути подоцна се судрил со локомотивата.

Турскиот министер посочи дека се хоспитализирани или им се укажува лекарска помош на 47 лица и воедно им посака брзо опоравување. ссм/

Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата.

Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот.