Движење БЕСА: Бараме разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт


Движењето БЕСА и нејзиниот претседател, Африм Гаши, смета дека скандалот на објавувањето на збирката песни од Агенцијата за млади и спорт, во која се користи навредлив јазик кон Албанците, не треба да помине без казнување. Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека и владата го подржува таквото издание, се вели во соопштението на Движењето Беса.

“Ако авторот на поезијата се откажува од авторството, ако директорот на Агенцијата за млади и спорт крева рамена дека не знае што случува, оваа е шанса Премиерот да докаже дека тој се грижи за мултиетничкото општество. Инаку, ќе треба да констатираме дека сите тие подржуваат такви т.н. поезии. Затоа, Движењето БЕСА бара од Премиерот да го разреши од функцијата директорот на Агенцијата за млади и спорт и така да докаже дека мотото „едно општество“ не бил само блеф за политички поени. Неговото разрешување денеска ќе служи како лекција и за сите други утре, кои може да изразат такви тенденции за дискриминација и навреда. Ако директорот на оваа агенција не поднесе оставка, барем од морални причини, тогаш тој треба да биде разрешен од политички причини.”, стои во соопштението на партијата.