Движење БЕСА: Алмир Алиу е метафора на неправдата во Македонија


Одлуката за казнување на убиецот на Алмир Алиу како случаен убиец а не како убиец со умисла, за Движењето БЕСА е уште еден доказ за тоа што неколку пати сме го повториле, дека кога станува збор за правдата што треба да им следи на Албанците, всушност нема никаква промена, се вели во соопштението на Движењето Беса на Африм Гаши.

“Додека Албанците, како во познатите монтирани случаи, познати за јавноста – и кога нема основа – се осудуваат со драконски казни и доживотен затвор, кога треба да му се суди на убиецот на еден Албанец за убиство со умисла, ова не се случува. Како Албанците да не се луѓе од крв и месо и како и Македонците и како крвта на еден Албанец да вреди помалку од таа на еден Македонец”,стои во соопштението.

Според Беса, денешната одлука сериозно е штетна за меѓуетничката доверба и довербата кон институциите во Македонија.