Да беше жив, Харисон ќе наполнеше 75 години
Англија – Пол Мекартни, вдовицата и синот на Џорџ Харисон јавно се присетија на покојниот член на „Битлси“, кој деновиве ќе наполнеше 75 години.
„Среќен роденден Џорџи. Прекрасни сеќавања“, напиша Мекартни на Твитер и додаде црно-бела фотографија од него и Џорџ за време на „битлманијата“.
Харисон почина во 2001 година на 58-годишна возраст.
Неговата вдовица Оливија Харисон и нивниот син Дани Харисон преку Твитер испратија покана до обожавателите за го прослават роденденот на Џорџ преку гледање на видеото со изведбата на Били Престон и Ерик Клептон на песната на Харисон насловена „Isn’t it a Pity“ на спектакуларниот „Концерт за Џорџ“ во 2002 година.
Мекартни и Ринго Стар се единствените преживеани членови на британската група која го достигна врвот на славата во 60-тите години од минатиот век. Џон Ленон беше убиен во 1980 година.