Градинките и училиштата во Карпош ќе добијат прочистувачи


Сите градинки и училишта на подрачје на општина Карпош ќе добијат прочистувачи на воздух. Советот на Општината на денешната седница даде согласност за набавка на прочистувачи на воздух за потребите на посочените установи.

„Пред извесно време нагласив дека мерките кои ги спроведе Општина Карпош за решавање на проблемот со загадувањето се интервентни, и ние како локална самоуправа ќе работиме на изнаоѓање на трајно решение на овој проблем. Затоа за нашите најмали жители- карпошани во детските градинки и училиштата кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа ќе бидат обезбедени нови јонизатори, односно прочистувачи на воздухот“, истакна градоначалникот на Општината, Стефан Богоев.