Го оставил БМВ-то стартувано на улица, па му го украле


Автомобил „БМВ“ е украден вчеравечер околу 21 часот на улицата „Аминта Трети“ во центарот на Скопје. Како што соопшти полицијата, непознатиот сторител го искористил невниманието на сопственикот, кој го оставил автомобилот да работи со клуч на бравата и отишол во продавница. Крадецот си влегол во возилото и си заминал, велат од полицијата.

„На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 900.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.