Го изрешетале додека одел по улица


Две прострелни рани и една скршеница во пределот на потколеницата од левата нога, како и една прострелна рана од огнено оружје во пределот на надколеницата од десната нога се констатирани кај 41-годишниот скопјанец А.Т., кој бил изрешетан вчера околу 15.30 часот во близина на објект во изградба на крстосниците од улиците „Никола Малешевски“ и „Благоја Паровиќ“ во Скопје.

Според полицијата, А.Т. бил нападнат  од страна на две лица, кои потоа побегнале. Повредениот е пренесена Клиничкиот центар. По извршениот увид, се трага по напаѓачите и се утврдуваат причините за нападот.