Големи промени на Фејсбук, медиумските содржини ќе бидат намалени


Фејсбук веќе некое време го тестира „Нуз фидот“ и најавува големи промени. Како што пренесува Њујорк тајмс, Марк Цукерберг ќе ја намалува видливота на медиумската содржина и на содржините од команииите, а повеќе ќе ја зголемува видливота на стаусите, фотографиите и видеата од пријателите.

Цукерберг смета дека јавните содржини од бизнисите, брендовите и медиумите ги потиснуваат личните моменти кои нè поврзуваат со другите луѓе.

– Чувствуваме одговорност да обезбедиме нашите услуги да не бидат само забавни за користење, туку и да работат за доброто на луѓето. Едно истражување покажува дека кога ги користиме социјалните мрежи за да се поврземе со оние до кои ни е грижа, тоа може да биде добро за нашата благосостојба. Се чувствуваме поврзани со луѓето и помалку осамени, а тоа во корелација е и со долгорочните чувства на среќа и здравје. Од друга страна, пасивното читање текстови или гледање видео снимки, дури и да се забавни и информативни, можеби не е толку добро, наведува директорот на социјалната мрежа.

На овој начин брендовите и медиумите ќе се најдат во тешка ситуација затоа што нивната содржина ќе го намали досегашниот домет. Имено, објавите ќе бидат дозволени само ако има интеркација на нив.

– Со овие промени ќе видиме колку луѓето ќе минат време на Фејсбук и некои мерки за ангажирање ќе се намалат. Но, очекуват и дека времето кое ќе го минете на Фејсбук ќе биде повредно. И доколку правиме правилна работа, верувам дека тоа ќе биде добро и за нашата заедница и за нашето работење на подолг рок, вели тој.