Годинава без празничен шопинг во Солун


Ако се суди по фрекфенцијата на граничниот премин „Богородица“, речиси да нема наменски патнички за Грција по повод Меѓународниот ден на жената. Нема видлива зголемена сообраќајна фреквенција, а од синоќа па и утрово, прометот на патнички возила, автобуси и камиони за излез од земјава е секојдневен. Не е забележано ниту зголемено присутво на автобуси од туристички агенции, изјави командирот на Граничната полиција, Миле Тошев.

Задржувањето на возилата е сведено  на минимум, односно само колку што треба за царинските формалности и проверката на патните документи. Ова се однесува за нашиот дел од границата, но веројатно иста е состојбата и за влез во Грција.

Повеќе возила, особено грчки, можат да се забележат на спротивната лента, односно на влез во земјава, затоа што секој четврток грчките државјани од северниот дел на земјата доаѓаат на пазар во Гевгелија.