„Глобал гејм џем“ ќе се одржи по шести пат


„Глобал гејм џем Макеоднија“ (Global Game Jam) годинава ќе се одржи од 26 до 28 јануари во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. „Глобал гејм џем“ е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен маратон. Како дел од Интернационалната асоцијација за развој на игри (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2017 година на „Глобал гејм џем“ се сретнаа 36.000 џемери, се одржа на 702 локации во 95 земји и беа создадени преку 7.000 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1200 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 121 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

„Македонија беше на петто место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

„Глобал гејм џем Македонија 2018“ се очекува да има преку 300 учесници на локациите. За нив организаторите ќе обезбедат непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 2000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

„Глобал гејм џем“ во Скопје го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри).

За учесниците е обезбеден непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Во текот на работата ментори од ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.