Гламурозна фотосесија на „Венити фер“: Најдоброто од Холивуд
САД – Кралицата. Вондер-воман. Опра. Годинешната холивудска насловна ги вклучи некои од најлегендарните и најсакани жени од филмскиот и телевизискиот свет. Не е големо изненадување дека обидот да се собере група од 13 ѕвезди за ултра-гламурозната фотосесија со бели вратоврски и светкави фустани не беше воопшто едноставен.
Фотографирана во Лос Анџелес и Њујорк од страна на познатата Ани Либовиц, годинешната насловна е последната за главниот уредник на „Венити Фер“, Грејдон Картер, по 25 години на позицијата. Картер, помеѓу „Вондер-воман“, Гал Гадот, и њујоршката легенда Роберт Де Ниро, исто така се појавува на насловната за првпат во животот.
„Сакавме да ја прославиме работата на Грејдон со оваа насловна“, објаснува креативниот директор за мода и стил, Џесика Дил.
Ани Либовиц изјави: „Во чест на Грејдон, ние се решивме за целосно бела насловна, со бели вратоврски… што всушност е и негов стил.“
Дел од забавата во правењето на насловна за „Венити фер“ е замислувањето што всушност се случува позади фотосесиите. Кој со кого си шепотел? Кој кого засмејувал? Кои си размениле телефонски броеви и почнале да си ги следат Инстаграм профилите следниот ден?
Годинава, Холивуд портфолиото е составено од фотографии зад сцената од фотосесијата. „Ова е инсајдерски поглед во магијата од тоа што се случува позади една ваква посебна фотосесија,“ вели Џејн Саркин, уредник на рубриките во „Венити Фер“. „Тоа отсекогаш беше затворена сцена.“
Ќе имаме шанса да го видите Том Хенкс како ги засмејува Опра и Рис Видерспун (најверојатно пробувајќи да се продаде за улога во втората сезона на „Големи мали лаги“?). Ќе имаме шанса да видиме како се средува сјајната коса на Никол Кидман. (Отсекогаш сме верувале дека анимирани птици ја облекуваат и спремаат Кидман како Пепелашка, но очигледно луѓе го прават тоа за неа.) Ќе имаме шанса да го видиме шармантниот Роберт Де Ниро како си ја подместува јаката на кошулата, како Џесика Честејн го чека првиот кадар и како смирениот Мајкл Шенон ја надгледува сцената.
Селекцијата на ѕвездите од различна возраст исто така ја прави годинешната насловна поразлична од останатите.
„Ова е тоа што го прави Холивуд посебен“, вели главниот уредник на западниот брег на „Венити Фер“, Криста Смит, „каде може да ги видите Мајкл Б. Џордан, кој има 30 години, или Гал Гадот која има 32 години, или Харисон Форд кој има 75 години – и сите тие се многу важни.“ Зендаја, 21, ја изрази возбудата која таа ја чувстувала додека била опкружена со толку легенди на фотосесијата: „ Се чувствував како мало дете. Многу е кул, Само сакам да продолжам да работам и да постигнам успех како луѓето со кои сум опкружена.“
Видерспун, која се има појавено на неколку насловни на „Венити Фер“, нѐ потсети што значи да си актер: „Да се биде на насловната на холивудското издание на „Венити Фер“ е еден вид на неверојатен момент кој му дава значење на сето тоа што го имаш сработено… Навистина чувстуваш дека ти дава мотивација за да продолжиш да одиш напред и да правиш големи работи.“