Гламурозна свадба во Скопје: Се ожени Мартин Вучиќ


Се ожени музичарот Мартин Вучиќ, син на шоуменот Драган Вучиќ и новинарката Весна Вучиќ, ќерка на легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Викендов направи гламурозна свадба со својата избраничка Сања во ресторанот „Ла Тана за свадби“ во Скопје.

Поранешниот поп пејач, а денес музичар на ударни инструменти – член на Македонската филхармонија, на свадбената веселба собра и дел од естрадата и познати лица од шоу бизнисот, како и голем број на јавни личности, со кои го прослави почетокот на заедничкиот живот со долгогодишната девојка Сања.

Во 2005 година, тој ја претставуваше Македонија на Евровизија во Киев – Украина, со песната „Make My Day“каде успеа да обезбеди влез во финалето.

Мартин пред петнаесетина години го отпеа хитот „Рано е да се врзам“ кој потоа стана еден вид на химна на момчињата кои не брзаат да стапат во брак или сериозна врска.

„Долгогодишната врска со Сања ја крунисавме со брак, во присуство на многу роднини, пријатели, драги гости. ‘Рано ми е да се врзам’ отиде во историјата, бидејќи јас веќе поодамна се врзав со љубов“, вели Мартин.