Германски лекари: Можно е членот на групата “Pussy Riot” да е отруен
Германија- Германските лекари кои го лечат членот на руската група “Pussy Riot”, Пјотр Верзилов, денес рекле дека е многу можно тврдењето дека тој е отруен, но дека не можат да кажат како тоа можело да се случи, ниту кој е одговорен.
Доктор Кај-Уве Екарт од болницата Шарите во Берлин рекол дека Верзилов е на интензивна нега откако бил префрлен во Берлин од Москва во саботата, но дека не е во животна опасност.
Неговите симптоми, со информациите добиени од неговите роднини и московската болница во која бил примен минатата недела, покажуваат дека “е многу можно да станува збор за труење”, рекол Екард. Тој тврди дека германските лекари не нашле никакви докази дека е можно некое друго објаснување за неговата состојба.
Екарт рекол дека на Верзилов му се слошило на 11. септември по престојот во суд во Москва, каде присуствувал на рочиштето на еден пријател, а бил примен во болница истата вечер со симптоми како што дезориентраност и проширени зеници.
Руските лекари се посомневале на труење и така и го лечеле, му ги испразниле стомакот и спровеле дијализа, рекол Екард.
Верзилов пристигнал во Германија со приватен лекарски превоз во саботата.
Лекарите во Берлин уште не утврдиле кој е одговорен за труењето и рекле дека би можело да биде предизвикано со разни супстанции, вклучувајќи и некои фармацевтски производи и билки кои имаат одредени токсини.
Директорот на болницата Шарите, Карл Макс Ајнхолп, рекол дека лекарите сакаат целосно да се воздржат од било какви шпекулации околу тоа како настанале проблемите.
Екард, кој го води одделението за интензивна нега во болницата, рекол дека очекува дека Верзилов целосно ќе закрепне и се надева дека нема да има трајни оштетувања.